Пејачката Ана Севиќ, која му е се’ уште законска сопруга на тешко повредениот пејач Дарко Лазиќ кој пред неколку дена настрада во сообраќајна несреќа, вчера доцна попладнето на излегување од Клиничкиот болнички центар во Земун, ја дочекаа новинарите од српските медиуми.
Само што ја забележаа, проработеа камерите и објективите на фотоапаратите и мобилните телефони, а некои од нив и се обидоа да ја запрашаат како е Дарко, каква е неговата здрабвствена состојба во тој момент, но…
Ана го премолче одговорот. Со забрзани чекори без да ссврти глави, а уште помалку да изусти ниту збор, таа влезе во својот автомобил, и набрзина со синиот Голф замина од паркингот на Клиничкиот центар.
Очигледно беше дека не само што не е раположена за изјави, туку по се изгледа е и лута на медиумите и нивните претставници. Барем таков впечаток остави со своето однесување, кое претставниците на седмата сила сепак го разбраа, заради целата ситуација и сплет на околности.
Сепак, остана да лебди енигмата: Дали и кому се’ уште законската сопруга на тешко настраданиот Дарко Лазиќ му е лута?
На лекарите кои од вчера и забранија повеќе да го гледа, па отсега тоа ќе можат самио неговите родители или на медиумите заради мноштвото написи и различни информации, од кои, мора да се признае, поедини беа на ниво на шпекулација?
Или можеби во тие миогови здарвствената состојба на повредениот пејач беше критична, а Ана тоа не сакаше или не можеше да го сокрие, па поедноставно и полесно и беше да го премолчи и замине!?
Фото: Клип.рс принтскрин