На Здравко Чолиќ при гостувањето на Дневникот на Канал 5 му беше поставено прашање како се чувствува бидејќи можеби и за последен пат настапува во држава под официјално име Република Македонија и како гледа на тој момент?
Чолиќ одговори дека ја сака Македонија, Македонците, мисли дека самиот народ тоа треба да го препознае и да одлучи за името.
-Јас сум секогаш за Македонија, за мене секогаш е Македонија како и што беше пред 50-тина години, така и секогаш ќе остане. Кога одиш и во Грција имаат свое мислење, но јас знам дека и Солун е Македонија, и Скопје е Македонија, потенцираше Чолиќ.
Самиот народ треба да препознае и на некој начин да одлучат за сето тоа. Народот секогаш одлучува што е позитивно и добро за него, граѓаните треба да направат по своето мислење, а не водејќи се по туѓото, појасни Чолиќ.
За потсетување, токму во Македонија, поточно во Скопје и Охрид Здравко Чолиќ во 2014 година го снимаше својот спот за песната „Оган и барут“.
Во него специјален гостин е нашиот Влатко Стефановски, а главната женска улога ја игра Натали Грубовиќ.