Лејди Гага зад себе има многу успешен период, па освен тоа што заработи од турнејата, таа заработи и од филмови и серии.
Нејзиното богатство се проценува на 265 милиони долари. Иако се покажа добра и како актерка, најголемиот дел од богатството го заработила од турнејата во Монстер Бал, која траела од ноември 2009 до мај 2011 година.
Во текот на овој период успеа да заработи дури 227,4 милиони долари, но морала да ги плати и кадрите кои учествувале во турнејата.
Како што пренесуваат медиумите, од филмовите заработила 36 милиони долари, а според холивудските стандарди тоа е многу малку.
Кога станува збор за новиот албум „Born this way“ во првата недела продадени се повеќе од еден милион примероци при што заработила 61 милион.
Во 2010 година Лејди Гага стана креативен директор на компанијата „Polaroid“ и го лансираше својот парфем при што заработила повеќе од милјарда долари.