Радио Милева

Киа Коцкар добила одлична понуда за „Задруга 2“: Ако прифатив немаше да работам до крајот на животот“

Киа Коцкар добила одлична понуда за „Задруга 2“: Ако прифатив немаше да работам до крајот на животот“

Последните неколку денови се шпекулираше дека Киа Коцкар повторно ќе влезе во „Задруга 2“, откако по победата во првата сезона на реалното шоу стана миленичка на публиката.

Имено, во едно интервју Киа изјави дека не сака да влезе во „Задруга 2“, ниту како пејачка, ниту како учесник. Таа вели дека завршила засекогаш со реалните шоуа.

фото: Ненад Вујановиќ

„Не сакам да бидам повеќе таму. Не ми е проблем Луна, едноставно се ќе ми смета .Не се гледам себеси таму, едноставно немам што да правам. Само некоја голема мака може да ме натера повторно да живеам пред камери, но се надевам дека до тоа нема да дојде. Добив одлична понуда да бидам во „Задруга“, но одбив. Да прифатив, ништо повеќе не би морала да работам до крајот на животот“, вели Коцкар.

Како се шпекулира станува збор за милионска понуда, а дали ќе Киа ќе се предомисли и ќе влезе во „Задруга 2“, останува да видиме.

To top