Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо одлучи да ја продаде куќата во близината на Лос Анџелес, која ја купил со парите заработени од улогата во легандарниот “Титаник”.
Кога пред речиси дваесет години се крена во ѕвездите со улогата во романтичниот “Титаник”, Леонардо ди Каприо ја купи оваа вила во шпански стил, лоцирана во близина на езерото „Силвер лејк“.
Во тоа време, оваа пространа куќа ja платил речиси 800 илјади долари.
Сега ја продава многу повеќе односно по цена од 1,749 милиони долари, што е речиси три пати повеќе.
На Лео веројатно не му се потребни пари од недвижнини, но веројатно овој имот веќе му досадил, па сака да се поднови со нешто друго кога е во прашање имотот кој го поседува.