Пред да замине на операција, Станија му дозволи на нејзиниот ПР тим за односи со јавност да ги уредува нејзините профили на социјални мрежи, но по обвинувањата на Владимир и зборовите што ги испрати таа реши да ги прекине сите полемики и да му каже што има да му каже… Еднаш – засекогаш!
Бидејќи не зборува со Томовиќ, старлетата ја напиша следната порака и замоли да му ја пренесат:
„Станија лично е тука! Пренесете му на Владимир дека лично јас го блокирав на Инстаграм, дека јас лично ги избришав сите фотографии, видеоснимки со него и се’ што е поврзано со Задруга 2! Кажете му да ги избрише сите фортографии и снимки со мене, и дека тој повеќе не ми значи! Да ја остави на мир Тамара! Да не ја злоупотребува ситуацијата и луѓето во време кога не можам да се огласам! Еве му ги сите фанови, поддршката, се’ !!! И да ме заборави!“ – напишала Станија во јавнаото обраќање до Владимир.
Да потсетиме, Владимир вчера вчера остро ја нападна пријателката на Станија – Тамара дека всушност таа измислува сè и го става на профилот на старлетата, а дека Станија е негова девојка која ја сака повеќе од нејзината ПР-ка Тамара.