Мегафон Лига на шампиони

Вечер на евроголови: Луиз, Пјаниќ, Меси, Џеко или Нејмар – вистинско уживање за спортските фанови (ВИДЕО)

Вечер на евроголови: Луиз, Пјаниќ, Меси, Џеко или Нејмар – вистинско уживање за спортските фанови (ВИДЕО)
 

Со осумте средби одиграни синоќа комплеторано е 3.коло во Лигата на шампоните.

Прекрасни голови видоа вчеравечер фановите во фудбалската Лига на шампиони. Давид Луиз, Миралем Пјаниќ, Лионел Меси, Един Џеко, Нејмар ги воодушевија фановите. Сите голови беа вистински мелем за очи за фудбалските фанови.

Челзи во лоша форма ја дочека средбата против Рома во третото коло на Лигата на шампионите, изгуби во последните два натпревари против Манчестер Сити и Кристал Палас, но грижите на нивните фанови брзо ги тргна Давид Луиз.

Бразилецот во 11 минута на мечот против клубот од Рим на Стемфорд Бриџ, со опасен удар од 25 метри, стрелаше милиметарски прецизно покрај левата статива. Уште еднаш Луиз потврди колку е опасен со ударите надвор од шеснаесетникот, тоа му е шести гол надвор од казнениот простор од последните седум кои ги постигна за Челзи.

Но тоа беше само најава на убавите голови кои паднаа вчера вечер.

Мирален Пјаниќ го изедначи резулатот во натпреварот на Јувентус и Спортинг, со прекрасен гол од слободен удар во 29 минута, го остави закопан за земја португалскиот голман Руи Патрисио.

Предизвикот „погоди од слободен удар“ го прифати и Лионел Меси, кој во 61 минута од мечот против Олимпиакос го реши прашањето на победникот. Нанишани Аргентинецот преку живиот ѕид, а Силвио Прото не успеа да ја спаси топката да не оди во гол. Тоа беше гол број 100 во европските натпревари, со што стана втор играч кој има троцифрен број голови, позади Кристијано Роналдо кој има 113 гола.

А посебно ефектен беше голот на Един Џеко од игра, во 64 минута од меот на Рома на гостувањето кај Челзи, со што донесе изедначување за Италијаните. Му асистираше Федерико Фацио, а Џеко со ефектен волеј од 15-тина метри ја искина мрежата на Тибо Куртоа. Шест минути подоцна даде уште еден.

И ПСЖ има свој кандидат за гол на вечерта. Парижаните лесно поминаа на гостувањет кај Андерлехт, победија со 4:0, а третиот гол го даде Нејмар од слободен удар во 66 минута, мајсторски протнувајќи ја топката под живиот ѕид.

Комплетни резултати:

Група А: ЦСКА Москва – Базел 0-2 и Бенфика – Манчестер Јунајтед 0-1
Табела: Манчестер Јунајтед 9, Базел 6, ЦСКА Москва 3, Бенфика 0.

Група Б: Баерн Минхен – Селтик 3-0 и Андерлехт – Париз Сен Жермен 0-4.
Табела: Париз Сен Жермен 9, Баерн Минхен 6, Селтик Глазгов 3, Андерлехт 0.

Група Ц: Карабах – Атлетико Мадрид (18 часот) и Челзи – Рома
Табела: Челзи 7, Рома 5, Атлетико Мадрид 2, Карабх 1.

Група Д: Јувентус – Спортинг Лисабон 2-1 и Барселона – Олимпијакос 3-1.
Табела: Барселона 9, Јувентус 6, Спортинг Лисабон 3, Олимпијакос 0.

To top