Пејачот Дарко Лазиќ (27) утрово доживеа тешка сообраќајна несреќа.
Едвај бил извлечен од смачканиот автомобил и итно бил пренесен во болница каде се уште се неоѓа во критична состојба.
Пејачот се здобил со повреди на главата, има скршена бутна коска, како и неколку скршени ребра.
Според пишувањата на српските медиуми тој е во вештачка кома и на апарати за дишење.
Во болницата веќе се просутни неговите родители, пријатели, роднини, свршеницата Марина Гагиќ и поранешната сопруга Ана Севиќ.
Лекарите засега ја одложуваат операцијата бидејќи се сомневаат на внатрешно крварење. Наводно, причината за несреќата била тоа што Дарко возел во алкохолизирана сотојба.