Новата сезона на музичкиот натпревар „Пинк ѕвездички“ почна, а на самиот старт дојде до големи музички промени во жирито.
Имено, наместо Милан Станковиќ, неговото место го зазема Кија Коцкар.
Овој потег предизвика многубројни коментари, а составот на жирито многу брзо по нејзиното доаѓање претрпи уште една промена.
Како што пишува српски Ало, црвената фотеља ќе ја напупшти и Јелена Томашевиќ која веќе јавно потврди дека дошло време за разделба, но и Сергеј Четковиќ. На нивно место ќе дојде Наташа Беквалац, а се враќа Милан Станковиќ.
Па така, во најновото жири ќе бидат: Леонтина Вукомановиќ, Гоца Тржан, Наташа Беквалац, Милан Станковиќ и Кија Коцкар.