Кинаскиот актер Чау Јун Фат живее доста скромен живот: се храни на улични штандови, користи јавен превоз и троши 100 долари месечно. Седумнаесет години користел ист мобилен телефон и тоа не е се.
Приказната за кинеската актерска ѕвезда ја пренесува Jane Stars и наведува дека тој може да си дозволи луксузни автомобили, недвижнини и облека но тоа едноставно не го интересира.
Со неговата сопруга имаат прилично „нормален“ живот, а своето богатство од 714 милиони американски долари одлучија да го дадт во хуманитарни дела.
Оваа азиска ѕвезда играше со филмовите „Тигар и змеј“ и „Елитни убијци“ кои постигнаа голем успех во Холивуд.
-Мојот сон е да бидам нормална и едноставна личност. Најтешката работа во светот не се однесува на тоа колку можеш да заработиш, туку како притоа да го задржиш мирна состојба на умот и да го живееш остатокот на мирен и опуштен начин, вели Чау Јун Фат.
Неодамна својата стар телефон го замени со паметен бидејќи стариот престанал да му работи. На прашањето зошто одлучил да донира толку пари, неговиот одговор е дека и онака не се негови и дека тој само ги чува.