Популарната хрватска пејачка Северина Којиќ неодамна се најде во центарот на вниманието поради нејзините експлицитни фотографии.
Но, очигледно на пејачката не и пречат аферите, па секој момент го користи за да ужива.
Овојпат на Инстаграм, Северина сподели видео на кое игра и скока на песната „Single ladies“ од Бијонсе, а на себе носи долг капут под кој нема речиси ништо од облека.
Во прв план беше нејзиното бујно деколте и долге нозе, а пејачката не престануваше да се смее.
„Расположена“, напиша Севе во описот на фотографијата.
Нејзините фанови не престанаа да коментираат како Севе има одлична енергија и не престанува да се забавува.