Наташа Беквалац помина низ лошиот период од животот, а очигледно дека работите тргнаа на подобро. Пред некое време таа се врати на музичката сцена и сними песна.
Насмевката повторно и се врати на лицето, а пејачката ужива во секој слободен момент.
Беквалац сношти настапуваше во еден белградски локал, а по самата проба заедно со нејзината сестра Кристина се прошета низ Белград.
Наташа на себе носеше портокалов фустан кој одлично и стоеше, а пејачката изгледа многу подобро од кога и да било.
Минувачите ја забележале додека разговарала со нејзината сестра и шетала покрај река.
фото: O.Буниќ/Рас Србија