-Јас сум за некласична свадба со вистински луѓе. Ќе има и традиционална македонска музика, секако без турбофолк и непотребни моменти. Семејството на Александар е големо, речиси двапати поголемо од моето, што значи дека планирам провод за сите генерации.

Планот ми е вечерта да ја носат неколку наши познати диџеи кои ќе пуштаат back to back олдскул хип-хоп. Тоа е мојата замисла за неконвенционална свадба – изјави Јанева неодамна во интервју за Женски магазин.

Од она што скромно можевме да го дознаеме е дека Нина навистина не правела „свадба со зурли и тапани за цело село“.

Една мини семејна фотосесија, како и фотографија од невестинската фризура и шминка на пејачката е се’ што можеше да се најде и дознае во моментов поврзано со свадбата на Јанева.

Како и да е, нека и е со среќа! Редакцијата на Вистина.ком.мк на младите им посакува долг и среќен заеднички живот исполнет со многудетно семејство!