Меган Маркл и принцот Хари моментално се на заедничка турнеја, а по краткиот престој во Сиднеј, тие заминале во Мелбурн.
За посетата на Мелбурн, поранешната холивудска актерка одбра совршено кроен син фустан од дизајнерката Дион Ли.
Меган носеше салонки кои се иста боја како и фустанот, а се тоа придружено со класичен беж мантил кој одлично и стои.
Во рацете, Маркл носеше мала ташна со метален ремен.Станува збор за ташна на италијанската модна куќа Гучи.
На фотографијата може да се забележи малото трудничко стомаче на принцезата која заедно со принцот Хари следната година ќе станат родители на своето прво дете.