Името „Пастел“ важи за веќе етаблиран бренд, кој покрај извонрено квалитените печива и слатки, како и разновидни избрани појадоци, кој однеодамна стартуваше и со попладневно-вечерно мени, со што станува еден вид „фајн дајнинг“ ресторан. Што тоа ќе го издвојува од конкуренцијата и какво мени ќе им понуди на своите гости, објаснува Елена Сотирова – еден шефовите на кујната која заедно со познатиот готвач, шеф Влатко Огненовски го сочинуваат тимот кој му вдахна нов гастрономски дух и шмек нма веќе познатиот бренд.
„Менито на ресторан Пастел е кратко со цел да секоја чинија биде со еднаков квалитет. Се одлучивме така бидејќи секое преголемо мени носи дополнителни побарувања во кујната и потоа следува не еднаквост во квалитетот на секоја чинија“ – вели Елена и додава:.
„Менито во себе содржи јадења кои се направени од внимателно избрани локални производи и рецепти подготвени со различни пристапи. Во нашето мени можете да најдете салати, чиј вкус, структура и начин на обработка се истражувани подолго време. Пасти (тестенини) како њоки се приготвуваат во самиот ресторан и се домашно подготвени со свежи намирници, споени со сосови кои се приготвуваат и до 8 часа. Во менито ќе најдете свинско, пилешко, јунешко па дури и зајачко месо, сите приготвени со многу љубов и разновидност. А вкусот на месото и сосот се обогатени со о-теник (крцкав топол леб) на шеф Игор Стојановски“ – објаснува Сотирова.
Гастрономска тајна која шеф Влатко Огненовски и шеф Елена Сотирова ја знаат и ја применуваат во понудата на Пастел, е уникатна и го разликува од останите ресторани во кои веќе тие ги имплементирале своите гастрономски вештини.
„Како што веќе кажав, основата на нашето готвење се темели на последните модни трендови во светот, а генерално готвиме во база со маслиново масло од врвен квалитет, кој се разгранува во сите сгменти со користење на свежи локални ароматични тревки како што се: жалфија, рузмарин, лук, власец, кромид, целер, мајчина душичка, пеперминт, свеж босилок и друго“ – открива дел од тајната на мајсторите на кујната на пастел, шеф Елена, при тоа појаснувајќи ја и винската карта на ресторанот, која е нераскинлив дел од гастрономската понуда на едно ваков угостителски локал.
„Генерално изборот на вино е од најпрестижните винарии од Македонија и од странство. Тие апсолутно внимателно се селектирани и спарувани со нашата храна“ – тврди шеф Сотирова.
Разбирливо, секој ресторан, особено новотворен има и свој специјалитет на куќата, а тој во Пастел е спој на традиционалното и модерното кога е новонајавената кујна на овој „фајн дајнинг“ ресторан во прашање. Шеф Сотирова вака ја објаснува тајната на мени понудата:
„Стартувајќи со предјадењата па преку зајачкиот пастел на ,,Пастел,, кое е функиционална храна пред се, е спојување на традиционалниот медитерански стил на подготовка на зајачко месо кој го фузионираме и препорачуваме да се спои со модерниот ориз ,,Мохто,, а сето ова да заврши со модерните десерти на нашиот пејстери шеф Игор Стојановски“.
Покрај храната и виното, ресторанот Пастел има и поинаков пристап кога е подготовката на храната во прашање, еден вид готвечки персформанс, но и најава за гостување на шефови и готвачи од други земји кои ќе ги донесат и вметнат во понудата своите специјалитети. Пристап со кој ресторанот ќе ги задржи постоечките гости, но и ќе привлече нови, кои ќе посакаат да го посетат. Еве како тоа го објаснува шеф Елена:
„Како што веќе некои од вас слушнале Cryo Cooking метод на готвење со течен азот. Каде храната се готви на -196 C. Во тек се нови истражувања за нови јадења зготвени со течен азот кои ќе бидат имплементирани во ресторан ,, Пастел,,. Доколку сакате да ги пробате и да го видите перформансот ќе мора да не посетите. А секако тука се и гости шефови од други држави кои ќе настапуваат во ,,Пастел,, со цел за размена на културите и обичаите“. Така гостите ќе можат да пробаат дел од италијанската, француската, турската или пак српската кујна.
Клуб картiчките за лојалност со попусти за постојаната клиентела се веќе во оптек, но освен изборот на храната, пијалоците и услугата шеф Елена открива уште некои мали финеси кои го надополнуваат амбиентот на пријатно и опуштено чувство при посетата на Пастел:
„Клуб картички за лојалност веќе постојат бидејќи за секој лојален гостин сакаме да следува еден вид благодарница, па тоа е начинот кој го одбравме. Покрај храната и вината како и мирисот на свежо печен леб, е многу внимателно одбран и ентериерот кој е класичен за европските таверни, остерии, буланжерии и патисерии, со што на овој начин покрај добриот сервис проследен со убава класична музика, целиот амбиент придонесува да ве одведеме на едно прекрасно кулинарско доживување“.
Пастел е веќе познат по своите слатки, а гастрономското мени е збогатено и со избор на нови слатки специјалитети во вид на десерти како колачот со кикиритки и карамел, на пример.
На прашањето: Што е тоа што шефовското дуо Огненовски – Сотирова го знаат и ги разликува од останатите, а е специфика за нивниот стил на готвење, како и избор и комбинирање на намирниците, шеф Елена со широка насмевка вели дека тоа со зборови не може да се објасни.
„Ве покануваме да ни бидете гости и да ни ја дадете можноста барем еднаш за да ви покажеме тоа што кај нас е најспецифично и најдобро, бидејќи и покрај се’, за вкусовите не се дискутира и тоа нешто не можам да ви го објаснам со зборови“ – завршува шеф Сотирова.