Миа Костова повторно е на телевизија. Атрактивната водителка заедно со колегата Миро Кацаров повеќе од успешно го „вози“ реобновеното издание на најпопуларниот естраден ТВ магазин кај нас, „Бекстејџ“.
А кога си на телевизија, бил на сцената или зад неа, секако дека си атрактивен и интересен како за гледачите, така и за спонзорите. До душа не секој, но Миа очигледно спаѓа во групата од неколку ТВ водителки за кои спонзорите буквално „се лепат“. Заради атрактивниот изглед, ликот, аурата и сексапилот со која зрачат, и се разбира заради ораторско-водителските квалитети.
Па, како што секој спонзор сака неговиот бренд да се најде во вистинските раце, така и еден скопски узвозник на познатите светски бренд часовници стори се’, еден од неговите производи да осамне на раката на русокосата ТВ водителка на магазинот од зад сцената. А Миа, се разбира, како благодарен промотор се потруди да постира фотографија во крупен кадар на својот Инстаграм профил и до неа пост со „скромна“ содржина:
„Мислам дека совршените ствари си се лепат една на друга. Не бев совршена, додека не ги најдов нив. Скромноста секогаш ми била јака страна. Затоа ништо помалку од најдобро“ – напишала сексапилната русокоса.
И не едалеку од вистината. Зашто совршените работи навистина си се лепат една до друга. А и таа не беше совршена додека не ги стави нив. Затоа и новиот часовник го смести во кадар некаде помеѓу. А, тоа што погледите сепак ги собра оној другиот, „силиконски“ детал, е друга работа! Или можеби прва! Ама ако! Вака, Миа спои две во едно… или три во едно. Двете „силиконски убавици“ и беспрекорната направа која покажува точно време, во еден ист кадар!
Извинете, да не забележа некој случајно, во колку часот е постирана фотографијата?