Радио Милева утринска „хиџама“

Кој кого легна во Утринската на Телма: Прво Марко „ја легна Цеце“, а потоа „го легнаа“ и него (ФОТО)

Кој кого легна во Утринската на Телма: Прво Марко „ја легна Цеце“, а потоа „го легнаа“ и него (ФОТО)

Водителите на „утринската програма“ на ТВ телма се навистина необична дружина. Опуштени, непосредни, срдечни, интересни, забавни, едукативни… Имаат оруигинални методи  како да ја привлечат публиката и да го задржат нејзиното внимание на нивната ТВ фреквенција.

Затоа знаат да направата разни нешта пред или после емитувањето, па потоа своите „лудории“ да ги постираат на својот личен или на профилот на Утринската  на социјалните мрежи.

Овој пат Утринската на Телма ја полегнаа. Водителската двојка Марко Марк и тазе мажената невеста цеце Трајковска во главните улоги на легнувањето. Најпрвин Марко ја „легна“ колешката Цеце, за потоа и него да го „легнат“.

Само што нивното меѓусебно легнување беше во здравствено-медицински цели, се разбира. Едукативна демонстрација на Хиџама метода.

Црвените кругови се само „здрава последица“ од вакум сукцијата на одредени регии. За Марко да биде во хомеостаза, или што би рекле народски во добро здравје.

Како и да е, гостинката на Утринската на Телма успешно ја демонстрираше својата метода, па на водителот му направи хиџама без пижама… како сегмент од нивната Телма амбуланта!

А на Цеце? нејзиното „легнување“ беше само реклама… Само најава на содржината. Нејзе како млада невеста, „хиџама“-та сепак и ја оставија… за по дома!

 

To top