Адријана Алачки имаме прилика да ја гледаме во кулинарското шоу „Вкусот со традицијата“ каде што најчесто е облечена во модни комбинации кои и одговараат на емисијата.
На нејзините профили на социјалните мрежи може да видиме фотографии најчесто од нејзините професионални активности.
View this post on Instagram
Токму и нејзината емисија „Вкусот на традицијата“ и придонесе да патува низ Македонија и регионот и да претставува она што е традиционално.
Водителката најчесто може да ја видиме средена, но овојпат направи вистински моден погодок.
Односно, Алачки заедно со семејството присуствуваше на доделување на „Гранд При“ наградите.
За оваа прилика, Адријана се одлучи за долга тоалета и фризура која го открива нејзинито лице, а фотографии сподели на социјалните мрежи и веднаш доби позитивни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
фото: фб