Александра Пријовиќ ужива во својата бременост, а во март заедно со нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ ќе станат родители на син.
Пријовиќ на совет на лекарите се повлече од музичката сцена и замина на породилно отсуство.
Меѓутоа, пејачката одлучи да го прекине породилното отсуство и ќе биде гостин на концертот на Ацо Пејовиќ на 22 ноември во „Штарк Арена“.
Пријовиќ им вети на Филип и Лепа Брена дека ќе се повлече од сцената до породувањето, но овој пат одлучи да направи исклучок.
„Александра ќе биде гостин на мојот концерт, а штом ќе заврши оди во кревет. Таа е моја кума, многу ја сакам и сакам тој ден да биде со мене“, вели пејачот.