На 15.10 пред 11 години на пат кон Хрватска почина македонската легенда Тоше Проески.
И по 11 години болката и тагата за најдобриот музички вокал не поминуваат, а и ден денес неговите колеги и колешки жалат за загубата.
На испраќање во вечниот дом присуствуваа неговото семејство, неговите пријатели, фанови, колеги.
Меѓу нив беше и Светлана Цеца Ражантовиќ која тешко го поднесе заминувањето на Тоше.
„Тоше беше сјајно момче, посебеч човек. Ќе остане голема тага за него. Сите останавме без ангелски глас, за еден прекрасен човек, за еден хуманитарец. Кога слушнав за трагедијата, бев шокирана.“, изјави тогаш Цеца и додаде:
„Го испратив за последен пат, но во секој случај тој живее во нашите срца преку неговите дела“, откри пејачката.
Инаку, на 2 ноември во салата „Борис Трајковски“ ќе се одржи концерт по повод на Тоше Проески каде ќе биде промовиран и неговиот необјавен албум „Secret place“.