Радио Милева

(ФОТО) Резултатите од слабеењето ептен видливи: Лицето на Тамара со драстична промена!

(ФОТО) Резултатите од слабеењето ептен видливи: Лицето на Тамара со драстична промена!

Бременоста ретко поминува без никакви траги по телото на жената по породувањето, а во тоа природата не ја заобиколи ниту Тамара Тодевска.

Откако ја роди Хана, Тамара можеби не веднаш, но по неколку месеци активно се посвети на враќањето на телото во нормала, во што очигледно и успева. Вежбањето и правилната исхрана се најздравиот начин на слабеење и тоа сите добро го знаеме, но во денешното модерно време, постојат такви третмани кои ќе имаат моќ да го доведат телото до совршенство.

Од кавитација, липолиза, микро компјутер, целулитни масажи и што ли уште не, на Тамара и помогнаа да ослаби значително, да намали во обем и да се реши од целулитот.

Времето секако е најдобрата вага на резултатите, кои ептен се очигледни на лицето на Тамара.

На најновата фотографија која ја објави на Инстаграм, ефектите од слабеењето се доста видливи на нејзиното лице, па иако сакаше да се пофали со новите очила, тие секако доминираа, но токму поради промената на неа.

Очигледно е при крај од посакуваното, што веруваме ја прави исполнета и полна со самодоверба од постигнатото.

To top