Маестро Горан Алачки, композитор кој важи за еден од најдобрите школувани македонски хармоникаши. Како во изворниот фолклор, така во новосоздадената песна, но и во класиката, за него нема тајни меѓу дирките на инструментот што се растегнува – хармониката!
Но се чини дека растргнат помеѓу обврските и неговиот приватен живот по разводот со некогаш познатата фолк пејачка, денес најпознатата ТВ готвачка Адријана („Вкусот на традицијата“), со која во брак беа повеќе од 25 години, малку се експонираше себе си во јавноста. Можеби професионално, но приватно ништо се се зборуваше за него и неговиот живот по разделбата со сопругата со која има две деца, од кои ќерката неодамна се породи, па Горан во меѓувреме стана и дедо на прекрасно внуче.
Таа пак, во 90-ите и на почетокот на новиот милениум беше една од најекспонираните македонски ТВ водителки и новинарки на неколку национални и локални телевизи, за потоа да исчезне од ТВ екраните. Но Марина Дојчиновска по премрежјата во својот живот, се појави во животот на разведениот маестро и судбината ги спои неа и него: Марина Дојчиновска и Горан Алачки.
Животот и после разводот секако мора да продолжи, но се чини дека познатата двојка нашле нов пат до среќата, па ако својата љубовна идила на почетокот ја споделувале само со најблиските, сега ја обзнанија преку социјалните мрежи и медиумите.
Очигледно дека нивната љубов е во фаза на „цветање рози“, па моментите на вљубеност и среќа ги покажаа преку постираните фотографии.
Изборот на дестинацијата повеќе од егзотичен, зашто магијата на Бразил, неговите бескрајни песочни плажи, волшебната панорама на Рио, самбата и карневалскиот амбиент го прават ова место латино рај за вљубените.
А Марина и Горан, како вистински латино љубовници од латиноамериканските ТВ серии, разменуваа нежности во секоја можна прилика, на секое место од споменатата дестинација.
Горан вљубен и среќен како во тинејџерските денови, а Марина иако далеку од тинејџерските години, покажа дека се’ уште изгледа како да е во нив. Стројна става, вито тело, бисер заби, затегнато лице бело… вистинска дама со лик и стас на млада мома!
Дури и од фотографиите се гледа дека среќата на двата познати македонски лика, од нив извира и блика. Белким овој пат, љубовната романса ќе потрае… Можеби и довека, а зошто да не?!