Мегафон изданија

Panda 5 е новиот бенд на Тони Китановски, а „Big City Scare“ насловот на нивниот албум

Panda 5 е новиот бенд на Тони Китановски, а „Big City Scare“ насловот на нивниот албум

„Big City Scare“е насловот на албумот на „Панда 5“ (Panda 5), новиот состав наТони Китановски, соопшти Скопскиот џез-фестивал. Бендот е во состав на Тони Китановски – гитара, Кирил Кузманов – алт-саксофон, Трајче Велков – труба, Кирил Туфекџиевски – контрабас и Виктор Филиповски – тапани.

„Big City Scare“ содржи 7 композиции. Снимен е, миксан и продуциран од страна наАлен Хаџи-Стефанов. Дизајнот на обвивката е на Иван Петрушевски. Премиерната концертна изведба на албумот ќе се случи в недела (21.10.), во рамките на 37-то издание на „Скопје џез фестивал 2018“. Инаку, „Big City Scare“ е 42-ро издание на издавачката куќа „SJF Records“.

To top