Бане Чолак е новиот лидер на „Задруга 2“. Но, тој во новата улога толку се оптовари, што го натуши своето здравје. По неговата кавга и онаа на Зерина со Марија и Миљана Кулиќ, на Чолак му се слоши.
Одеднаш почувствува болка во градите и доби тахикардија. Беше убеден дека има срцев удар или прединфарктна состојба.
Зерина постојано беше со него, но и многу други задругари. Го смируваа и убедуваа дека тоа е само паничен напад, каков што веќе имал оваа недела.
Пејачката Зорица Марковиќ која преживеа инфаркт, од своето искуство му објаснуваше на Чолак какви се симптомите при оваа состојба. На крајот се убеди дека не е она што мислеше, по што Бане се смири.
Погледнете како изгледала целата ситуација на 5:18: