Радио Милева Каде е, што прави, како изгледа?

Беше голема екс – ЈУ ѕвезда, го испеа хитот „Додирни ми колена“, а групата се викаше по нејзиното име – Зана!

Беше голема екс – ЈУ ѕвезда, го испеа хитот „Додирни ми колена“, а групата се викаше по нејзиното име – Зана!

Се’ започна уште во 1979 година, кога групата што го носеше нејзиното име  се појави на  музичката сцена во Југославија, а огромна популарност постигнаа три години подоцна, кога го објавија хитот “Додирни ми колена”.

Групата, која беше именувана по Зана Нимани, брзо стана позната. Нимани ја напушти групата во 1985 година и започна со успешна соло кариера. Во 1986 година таа го издаде соло албумот “Јас пеам само за тебе вечерва”. Потоа Зана и се приклучи на групата „Диви ангели“ во текот на 1980-тите. Резултатот од оваа соработка е макси-сингл наречен „Тотален контакт“, објавен од ПГП РТБ.

Една година подоцна објави соло песна “Роза на дланка” и по неколку години се повлече од јавноста. Ќе се венча, ја раѓа ќерката Теа и бега од поранешна Југославија.

Пред повеќе од 25 години, Зана Нимани, заедно со нејзините членови на семејството, ќерката Теа и нејзиниот сопруг, Ѓорѓе, ја напуштија Србија. Со нејзиното заминување, таа засекогаш замина од музичката сцена, а денес таа е успешна жена во Канада која  се занимава со финансии во една од нејзините локални фирми.

Во почетокот на 1991 година, Зана ја родила ќерката Теа во Белград, но по неколку месеци ги пакува куферите и се сели во Канада, а заедно со нејзиниот сопруг Ѓорѓе Шишкин. Многу сведоци велат дека тоа  било направено заради политичките случувања во овие простори. Дипломата од Правниот факултет во Белград и помогнала  себе си и на семејството да му овозможи удобен живот во Канада. Работела во осигурителна компанија, додека сопругот Ѓорѓе се вработил на железница.

Теа, пред една година, ги завршила студиите на еден од престижните колеџи во Канада. Таа го наследила талентот на мајка и за музика, па така пеела во неколку американски мјузикли, но потоа не сакала да продолжи со пеење, туку повеќе се фокусирала на  студиите. Неверојатно личи на Зана, а многумина велат дека дури и се однесува како мајка и.

Денес Зана има 56 години и не планира да се врати во Србија, па дури и не ја посетува!

To top