Радио Милева

„Вечна катастрофа“: Сергеј Варошлија „распали“ по Огнен Здравкоски (видео)

„Вечна катастрофа“: Сергеј Варошлија „распали“ по Огнен Здравкоски (видео)

Во секојдневното издание на емисијата „Мода“ имаме прилика да слушнеме модни критики и пофалби на Сергеј Варошлија.

Претоходните денови ги коментираше модните комбинации на нашите познати личности на „Макфест“. За некои даде добри коментари, а некои модно ги искритикува.

Во последното издание на емисијата, на „мета“ кај Сергеј се најде и Огнен Здравкоски кој учествуваше на еден фестивал во Бугарија

Сергеј прво искоментира една фотографија на Огнен со некоја пејачка.

„Дечково до нејзе е во катастрофална модна комбинација. Вечна катастрофа. Бела кошула, бели фармерки, црн каиш, црвени патики и црно сако, заедно двајцата на плочки во некој ходник. На што личите, па на ништо. Ни тој сам за себе, ни таа сама за себе, за двајцата: ќе ми пукне душата“ искоментира Сергеј.

Потоа, Сергеј го коментираше и стајлингот на Здравкоски за настапот во Бугарија.

„Мислам дека тука во оваа ситуација молчењето е најдобра работа. Ова изгледа како да е фотографирано во некоја месна заедница. Не, со ваков изглед не на фестивал“ истакна Варошлија.

Огнен ги слушна советите и коментарите на модниот критичар, па на „Инстаграм“ објасни дека за следниот настап и фестивал ќе го побара Сергеј за да му помогне за стајлинг.

Инаку, на фестивалот „Златен Кестен“ во Бугарија, Огнен Здравкоски освои награда за најдобра сценска изведба.

фото: принтскрин/инстаграм

To top