Марија Шерифовиќ јавно призна дека користи лекови за смирување. Пејачката откри дека во продолжение на „Ѕвездите на Гранд“ ќе продолжи да пие седативи за да се смири.
Откако еден кандидат ја испеја својата песна, жирито го критикуваше, а тој се правдаше дека тоа е поради тремата, Јелена Карлеуша му препорача дека е за на психијатар, а Марија Шерифовиќ му ги понуди своите лекови.
„Ќе ти ги дадам моите лекови за смирување“, изјави Марија низ насмевка.
Кандидатот ја одбра Шерифовиќ за ментор, а Поповиќ истакна дека во следниот круг Марија ќе ги следи своите кандидати и нема да може да коментира.
Пејачката имаше решение за тоа, па се пошегува на своја сметка.