Радио Милева

Вака започна нивната љубовна врска: Овој филм ги спои Милена Дравиќ и Драган Николиќ

Вака започна нивната љубовна врска: Овој филм ги спои Милена Дравиќ и Драган Николиќ

Милена Дравиќ последните неколку дена се наоаѓаше на Клиничкиот центар во Белград, последните неколку дена се чувствувала лошо, а лекарите не можеле да и помогнат.

Пред две ипол години остана без сопругот Драган Николиќ. Парот се запознал на снимањето на филмот „Хороскоп“ во 1969 година.

„Се запознавме на снимањето на филмот ‘Хороскоп‘ во 1969 година. Таа веќе беше популарна, а мене тоа ми беше трет-четврти филм. Тогаш првпат ја видов во живо. Се спријателивме на снимањето. Тоа беше голема дружба, од која произлезе и љубов“, изјави Николиќ своевремено.

Тие се венчале две години подоцна, додека снимале еден телевизиски филм.

„Венчавката беше симболична. Во пауза меѓу две снимања, побаравме дополнителен час и отидовме во општина да склучиме брак. Потоа се вративме на работа и продолживме да снимаме. Немаме ниедна фотографија од венчавката“, кажа Николиќ.

Милена и Драган ретко јавно зборуваа за својот брак, но секогаш истакнуваа дека еден на друг си се најголеми поддршка и критичар. Никогаш не си љубомореа, ниту мешаа во кариерите.

To top