Британската пејачка Рита Ора, инаку Албанка родена во Приштина, која често е на мета за отстрел на модните критичари со нејзините комбинации на облекување, овој пат се соблече „пиштол гола“!
Таа и досега сакаше одвреме-навреме да ја изненади јавноста појавувајќи се во разголени изданија, но сега отиде чекор понатаму, па објави фотографии на кои е како од мајка родена – без градник и гаќички.
Рита, која пред три години стана почесен амбасадор на Косово, ги изненади сите со новите фотографии направени за потребите на едно списание.
Ова издание на музичка ѕвезда од албанско потекло предизвика бурни реакции ширум светот.
Фото: (Ian West/PA) / Инстаграм принтскрин