Радио Милева Убавата докторка одново ја има:

Викторија Јаначковиќ ја напушти работата, се разведе и и’ се врати на старата љубов! (ФОТО)

Викторија Јаначковиќ  ја напушти работата, се разведе и и’ се врати на старата љубов! (ФОТО)

Таа во 1999 година беше придружничка на Мисот на Македонија, потоа  дипломираше на Медицинскиот факултет на отсекот за стоматологија. Но, таа преку ноќ стоматолошката ординацијата реши да ја замени со канцеларијата, па откако влета во политиката, стана шефица на кабинетот на тогашниот заменик министер за култура – Драган Недељковиќ.

Така Викторија Јаначковиќ доби нов статус, а македонската влада еден од најубавите шефови на кабинет!

Несудената збарка во август 2016 година не само што го смени приватниот, туку го смени и приватниот статус, па куста врска влезе во брак со Никола Тасески. Замина да живее во Англија и оттогаш како да ја снема!

Деновиве убавата Викторија одново актуелна. Видно ослабена, стегната, згодна и сексапилна како и тогаш кога за прв пат се појави, таа ги преплави интернет порталите и социјалните мрежи со едиторијал фотографии од новата колекција на модната куќа Елена Лука.

Како што велат информациите, згодната докторка по нешто повеќе од една година брак се разведе,  во меѓувреме  ја напушти и работата во Министерството за култура на Република Македонија и реши да и се врати на старата љубов – манекенството!

Елегантната и префинета естетика на новите елегантни свечени креации на Елена Лука која го дефинира дизајнот во широка палета на бои со  акцент на интензивните нијанси како црвена, зелена, сина, виолетова…  Во сите нив, несудената забарка изгледа навистина божествено!

Како…  „жена која е моќна, која успева пред сите предизвици и борби кои ги наметнува темпото на живот, како и нејзината независност. Жена која е своја, префинета и нежна, но жена која никогаш нема да го изгуби детето во себе“ –  како што ќе изјави самата Викторија Јаначковиќ!

 

 

 

 

To top