Радио Милева песна за напред розово?

Биба Додева со „Борка“ ги собраа најмоќните македонски вокали: Храброста има боја, ама може и да звучи моќно! (ФОТО)

Биба Додева со „Борка“ ги собраа најмоќните македонски вокали: Храброста има боја, ама може и да звучи моќно! (ФОТО)

Македонската поп пејачка Биба Додева се повеќе е ангажирана околу активностите на своето здружение за борба против ракот на дојката.  Вројните активности на ова поле, покрај уметничките и вокални квалитети Биба ја прават и вистински хуманитарен борец за здравјето на жените и борбата против една од најопасните болести на денешницата.

Превенцијата и раното откривање се едни од најважните нешта во справувањето со „опаката чума на денешницата“, па затоа пропагандата и информираноста се еден од најважните методи на заштита. Познатите личности и јавните лица се оние со кои луѓето се поистоветуваат, им веруваат, ги сакаат и почитуваат, па меѓу останатото, се некако најсоодветни за едуцирање на јавноста, за нивниот глас да допре онаму каде што треба.

Затоа и Биба  собра дел своите колешки – пејачките од македонската поп естрада на едно место. Вокално гледано, веројатно најдобрите, ама и кога е популарноста во прашање – ништо помалку влијателни кај народот.

На нејзиниот „розов повик“ се одзваа  Елена Ристевска, Каролина Гочева, Тања Кочовска, Маја Панчева…  Вистински македонски женски вокален „ол старс“!

„Храброста има боја!“ – гласи мотото на Биба, во една од пораките на „розовата кампања“ на здружението „Борка“.

Колку ли само храброста би звучела моќно, кога овие дами би се собрале да испеат една заедничка хуманитарна песна, направена за оваа намена?! А зошто да не? Драги наши дами, вреди да се обидете!

 

To top