Радио Милева

„Леле Тарабунов“: Сергеј Варошлија со жестоки модни критики за македонскиот пејач (видео)

„Леле Тарабунов“: Сергеј Варошлија  со жестоки модни критики за македонскиот пејач (видео)

Често на vistina.com.mk може да прочитате вести за модните критики на Сергеј Варошлија и нашите познати јавни личности.

Кога станува збор за модата, во неговата емисија „Мода“ тој знае да ги пофали, но и да ги критикува македонските јавни личности.

Кога се добро стилизирани секогаш им дава комплименти, но ги критикува и кога ќе направат модна грешка.

Деновиве, во својата емисија тој ги коментираше стајлингот на македонските пејачи на „Макфест“:

На мета се најде и македонскиот пејач Александар Тарабунов кој на музичкиот фестивал учествуваше со песна „Би те одбрал само тебе“.

фото: принтскрин

Иако на многумина можеби им се допадна песната, на Варошлија не му се допадна стајлингот на пејачот.

„Леле Тарабунов, леле Тарабунов. Каква катастрофална модна комбинација е ова. Прво, тој стои како малку да сме на бензинска пумпа, малку сме на нива. На себе нема ништо фино, многу досадна модна комбинација. Црна кошула, црни панталони, па подобро целиот да беше облечен во црно. Многу лош изглед, ова не е „ин“ и нека погледне како изгледаат светските изведувачи“, вели модниот критичар.

Александар сигурно го видел модните коменатри на Варошлија, па на својот Инстаграм сподели фотографија и откри што мисли.

фото: принтскрин/инстаграм
To top