Игор Џамбазов, човекот – мултимедијален талент одново ја шокираше македонската јавност! И овој пат со својата постапка, нормално, само што овој пат таа беше изнудена. А постапката ја овековечи со форттографија и свој коментар на истата… На своја сметка, нормално, иако малку „невкусен“ или поточно во доменот на „црниот хумор“.
Имено, како што е шознато деновиве започна да се снима третата сезона од популарната македонска хумористична ТВ серија „Преспав“, во која Џамбазов ја игра улогата на постариот брат Миле, откако на тоа место го замени „неподобниот дисидент“ , актерот Владо Јовановски.
За потребите на серијата во една од сцените бате Миле (Џамбазов) мораше да легне во мртовечки сандак. Такво е сценариото, а големиот професионалец без поговор прифати да ја одигра таа сцена, иако веројатно многуминина тоа „ладно“ би го одбиле.
И не само што прифати, туку постираше и една од направените работни фотографии од снимањето, а покрај неа Џамбазов со пост во свој стил. „Црн хумор“ на своја сметка:
“Започна снимањето на новата сезона на “Преспaв. Втората сезона ја преживеавме, за третата ќе видиме…” – напишал покрај не баш пријатната сцена на фотографијата Игор.
Коментарите што следуваа, се разбира се од типот: „Скраја да е“! И со право! Зашто ако е и шега од Џамбазов… многу е бе брат…! Та само преспал или се сликал додека снимал!
Зашто паметиме и многу поубави нешта на кои Џамбаз знаел „да преспие“… Како женското раме на една од македонските убавици Викторија Јаначковиќ, на пример! Ем поубаво за гледање, ем попријатен е сонот… ако покрај неа воопшто можеш да заспиеш!