Една од најсексапилните српски фолкерки Миа Борисављевиќ неодамна се врати од одмор во Египет, кој ќе го памети за цел живот. Имено, Миа и Бојан одлучиле да ја разгледаат пустината, но оваа авантура ги чинеше и пари и живци.
Тие се одлучиле за пустинско сафари, кое вклучува групно возење низ песочните дини, бидејќи обајцата сакаат авантура. Сè започнало како што треба, додека во еден момент среде пустината возилото не застанало. Пејачката не можешла да поверува што и се случува, зашто моторот на возилото угаснал, и не сакал да запали. Водичот реагирал, но и рекол дека ќе мора да чекаат повеќе од половина час додека дојде друго. Миа „полудела“, излегла целосно надвор од контрола, вели еден извор кој се наоѓал меѓу туристите кој им ја раскажал приказната на српските медиуми:
„Како е можно да ни дадевте неисправно возило?Што ќе правиме сега?“ – врескала пејачката додека арапскиот водич се трудел да објасни на англиски дека брзо ќе се реши проблемот. Кога им соопштил на пејачката дека ќе мора да чекаат друго возило што ќе дојде како замена, фолкерката дополнително се вознемирила бидејќи температурата во пустината била премногу висока. Од друга страна, стравот бил дотолку поголем што повеќе од половина час морале да седат сами среде пустина во возилото, бидејќи останатите од групата морале да го продолжат своето патување. Од безбедносни причини, индивидуалните тури во пустината се забранети во Египет, па затоа не е пријатно да сте самисреде море од песок.
Во секој случај, новото возило бргу пристигнало, а Миа инсистирала веднаш да ја вратат во хотелот, не сакајќи да го продолжи пустинското сафари.
Сепак, многу поубаво и побезбедно е чувството кога денот си го минуваш крај базенот.