Адвокатската канцеларија „Алексиќ со соработниците“ повеќе не соработува со Наташа Беквалац за предметите за судење за старателството на детето и физичко насилство во семејството.
Од сега, застапници на Наташа ќе биде адвокатската канцеларија „Атељевиќ“.
„Ги разгледавме сите предмети кои ги имавме и заклучивме дека сме завршиле добра работа и госпоѓа Беквалац беше задоволна со резултатите. Но, поради големиот број на предмети кој ги имаме и поради многу работа одлучивме на пејачката да ја откажаме соработката за предмети кои се релвантни или ирелевантни, вели адвокатка која е дел од адвокатската канцеларија.
Сопственикот на адвокатската канцеларија Немања Алексиќ потврди дека ја прекинале соработката со Беквалац.
„Не сакам да ја коментирам одлуката на колегиумот на канцеларијата „Алексиќ со соработниците“, а на госпоѓата Беквалац и посакувам се најдобро во приватниот и професионалниот живот“, вели Алексиќ.