Пејачката Емина Јаховиќ доживеа сообраќајна несреќа, а веднаш потоа се огласи и на социјалните мрежи.
Имено, пејачката сакаше да ги извести фановите дека нема потреба за грижа, дека се е во ред, но истакна дека е во шок.
„Драги пријатели, само да ви кажам дека се чувствувам добро по ударот на автомобилите и животот не ми е во опасност како што пренесуваат некои медиуми. На снимање сум во Белград и морам да признам дека сум во шок, но морам да продолжам со работа. Ви благодарам за поддршката, ви праќам многу љубов“, напиша Емина.
По сообраќајката Емина примила инфузија и продолжила со снимање на спот, пренесуваат српските медиуми.