На пејачката и е преку глава од секакви приказни за нејзиниот починат сопруг и нејзиното семејство.
Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ прозбори за разновидните написи кои кружат во медиумите, а кои се однесуваат на нејзиниот починат сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Во емисијата „Примера – викенд специјал“, Цеца истакна дека во медиумите се пишува се и сешто, па нека се одлучат каков бил нејзиниот сопруг.

„Во последните седум дена само демантирам лажни написи, поврзани со Вељко и овие инсинуации. За починатиот Жељко читам се и сешто. На крајот реков: Луѓе договорите се, дали тој човек придизвикуваше страв или беше „мал глушец“ кој сите ги шармираше. Престанете да пишувате глупости, оставете го човекот да почива во мир“, изјави Цеца.