Дарко Лазиќ и Ана Севиќ се разведоа оваа година, а пејачот заплива во нова љубовна врска со Марина Гагиќ.
Марина и Дарко се во врска веќе шест месеци, а наскоро пејачот планира да ја запроси и повторно да заплива во брачните води.
Извор близок на пејачот тврди дека Дарко разгледувал свршенички прстени, но сакал за неговата идна сопруга тоа да биде несекојдневен прстен.
„Кога направи селекција, Дарко одлучи во бирањето на прстенот со кој ќе ја запроси Марина учествува и семејството на девојката. Им прати фотографии и заедно гласаа. Се смеа кога изборот меѓу тритите најскапи од 5000, 7000 и 15 000 евра падна на најскапиот. Иако е премногу да даде толку пари, прстенот е несекојдневен и се гледа дека е скапоцен“ вели изворот.
Инаку, Дарко зад себе има еден брак со Ана Севиќ , а заедно ја имаат ќерката Лорена.