Наталија Мартиновиќ, сопругата на Жељко Ражнатовиќ Аркан го напуштила кога дознала дека се појавиле емоции меѓу Жељко и познатата фолк пејачка.
Откако Аркан сам признал дека се заљубил во Цеца, Наталија ги спакувала куферите и си заминала.
Иако тогаш сите ја обвинале Цеца дека е крива за нивната разделба, Аркан истакнал дека таа нема врска со таа одлука.
„По 15 години брак со Наталија, јас се разведов. Мојата жена и јас повеќе не сме заедно. Имав три брака, но никогаш не бев „женскарош“. Додека бев во брак мојата поранешна сопруга немаше причина за сомневања. Потоа, се заљубив во Цеца. И кажав на сопругата. Поточно, тоа полека се случи. Цеца беше упорна. Постојано ми зборуваше за нејзината љубов, а јас почнав да ја прифаќам, изјави Аркан во 1996 година за српските медиуми.