Радио Милева не е злато се што блеска

Лила рекламира уникатен накит: Покрај толку злато, погледите вперени во „пластиката“ на уникатот (ФОТО)

Лила рекламира уникатен накит: Покрај толку злато, погледите вперени во „пластиката“ на уникатот (ФОТО)

Лила е во Дубаи!  На „службен“ пат!

Или поточно на споменатата дестинација на уште една рекламна кампања на еден од брендовите кои постојано ги рекламира. Овој пат во прашање е позната туристичка агенција!

Општо познато е дека Лила не се фотографира ниту за лична карта, ако на фотографијата не рекламира нешто. Така и долгите арапски ноќи ги искористи за маркетинг на брендовите – нејзини спонзори.

Една од фотографиите посветена на белото злато. 14 каратно, а од него направен прекрасен уникатен накит. На нејзините прсти – прстени,  на ушите – обетки, на раката – нараквица, околу вратот  – огрлица, во погледот искри! Во нејзиниот, ама и во погледите на нејзините обожаватели и следбениците на социјалните мрежи, иако атрактивната и секси водителка, овој пат никој не ја гледаше в очи! Особено не машкиот пол!

А како и би, кога покрај толку уникатно злато, на Лила во прв план и доминираа уникатните силикони! Згодна, стројна, бујна, пожелна и златна… со еден збор, Лила – уникатна… Како и секогаш! Конечно, не е злато се’ што блеска… Има нешто и „пластика“ во тоа уникатот!

 

To top