Радио Милева безгрижни сништа

Сани Гроздановска покажа кому единствено му дозволува на гради да и спие (ФОТО)

Сани Гроздановска покажа кому единствено му дозволува на гради да и спие (ФОТО)

Македонската фолкерка Сани Гроздановска е позната во добрата и весела атмосфера што ја прави на своите настапи, како и по атрактивниот и неретко провокативен изглед, во кој особено до израз доаѓаат долгите нозе и бујните разголени гради.

А кога сме веќе кај нив, Сани постираше една фотографија на која покажа кому единствено му дозволува на гради да и спие. И сега веднаш сите ќе си речат – нормано, кому друг, ако не на нејзиниот сопруг Мартин.

Ама за негова жал, не ќе да е така! Добро, не дека пристапот до бујните атрибути на пејачката му е забранет… Ама за спиењето на нив, сепак  – да! А, има и зошто!

Местото на споменатата телесна локација на пејачката е резервирано само за една личност. Нејзината помала ќеркичка Ева! Таму таа се чувствува најсигурно и најбезбедно, а очигледно и „перницата“ и е погодена. Има ли поубав и побезгрижен сон, од оној во прегратките на мама?

 

To top