Пејачката Анабела Атијас шокираше милиони гледачи кога во емисијата „Амиџи шоу“ јасно стави до знаење дека не е исклучено да снимат дует со Кристина Коцкар!?
Изјавата е малку чудна зашто пред една година нејзината ќерка Луна влета во љубовна врска со тогашниот сопруг на Кија, Слобо Радановиќ, по што сопружниците се разведоа.
„Анабела, со кого би снимила дует? Слободан Радановиќ, Тамара Ѓуриќ, Вук Моб или Кристина Коцкар?“ – ја праша водителот Амиџиќ за време на една од игрите во шоуто.
„Со Кристина Коцкар“ – без двоумење одговри Анабела, додавајќи:
„Зошто да не, женските дуети се ретки. На жените им е многу потешко во нашиот бизнис. Исто така, ако гледаме според актуелноста, Кија снима, настапува, работи …“ – објасни Анабела, а потоа се сети на познатиот хит на Бијонсе и Шакира, “Beautiful Liar”,па и се допадна идејата дека таа и Кија можеби би можеле тој хит да го преработат и препеат и на Српски јазик! И кажете после дека животот не пишува драми?
Фото: Марко Јовановиќ и принтскрин ТВ Пинк