Со години Калиопи Букле важи за една од најдобирите вокали во Македонија со многубројни хитови кои се пеат и ден денес.
Еден до најпознатите нејзини хитови „Бато“ и денес ја пеат многу млади таленти. А каде и да се појави во Македонија и регионот, Опи ги полни салите и прави концерти за паметење.
По летниот период и полнењето на батериите, Калиопи се врати на работните ангажмани, односно влезе во студио да сними нова песна.
Калиопи деновиве напорно работи на своите нови проекти, а за тоа повтонро му ја укажа довербата на Ромео Грил, нејзиниот поранешен сопруг, а сега музички соработник.
Грил има направено неколку песни за македонската пејачка кои се безвременски хитови, а не се сомневаме дека така ќе биде и со новата песна или албум.
Неколку пати досега Калиопи истакна дека со Ромео одлично се согласува и дека тој знае да и ги направи најдобрите песни.
На сoцијалните мрежи, Букле сподели неколку фотографии на кои е заедно со Ромео и истакна дека се “фрли на работа“ во студио.
Што ни подготвува македонската поп дива останува да видиме.
фото: Фејсбук