Радио Милева

Го промени изгледот: Вака изгледа Јелена Спенџарска со новата фризура (фото)

Го промени изгледот: Вака изгледа Јелена Спенџарска со новата фризура (фото)

Јелена Спенџарска е добро препознатливо лице на македонските ТВ екрани, но можеби и една од најактивните личности на социјалните мрежи.

На својот Инстаграм, Јелена често споделува фотографии од своите активности и секојдневни обврски.

Таа споделува додека е во работна атмосфера, кога ќе добие некој подарок, како тренира и ја одржува кондицијата или пак споделува храна од дневното мени.

Дефинитивно, Спенџарска многу се грижи за својот изглед и убавина, па ако погледнете низ нејзиниот Инстаграм може да видите разни фотографии на кои се гледа нејзината топ форма.

Кога станува збор за изгледот, Јеца овојпат направи промена, односно нејзината долга коса ја скрати.

Со новата фризура, водителката се пофали на Инстаграм и покажа како изгледа со пократка коса.

Нејзините следебеници и дадоа само позитивни коментари, истакнувајќи дека и кратка и долга коса одлично и стои.

фото: Принтскрин/иснтаграм

To top