Неодамна со кригла пиво и мезе, рок дуото „Некст тајм“ и пејачот Влатко Лозаноски прославија за десетгодишното пријателство.
Близнаците и Влатко со фотографија на социјалните мрежи пред јавноста покажаа дека не се само колеги, туку одлично функционираат и за да споделат приватен разговор, да седат на јадење, да споделат некој совет еден со друг…
Познато е дека гитаристот Мартин покрај љубовта кон музиката има голема пасија и кон фотографирањето. Па така, деновиве заедно со Лозано браќата избраа една локација која доста потсетува на природата каква што прикажаа од спотот на „Ја излези Ѓурѓо“ или „Слушам кај шумат шумите“, а Мартин фотографираше.
-Гурѓо дует со Влатко, напиша Стефан во објавата на фотографијата каде се заедно со Лозано, како и тоа дека засега не открива повеќе.
Што точно работат „Некст тајм“ и Лозано, останува да видиме…
фото:инстаграм