На насловната страница на еден неделен таблоиден магазин, се појави веста за помирувањето помеѓу Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеша. Имено, се работи за наводно откажување на судскиот спор помеѓу пејачките кои со години не се во добри односи и дека паднала одлука целата сите недоразбирања да се решат надвор од оваа државна институција.
Карлеуша не реагираше на оваа вест и само ги информираше своите фанови за претстојниот викенд настап.
Од друга страна, Цеца јавно се огласи, иако секогаш неволно зборува на оваа тема, и покрај постојаните повици и прозивки од страна на Карлеуша.
„Лага! Престанете да ги лажете луѓето и да ја мамите јавноста со вашите измислени глупости“!– кусо порачала Цеца.
Фото: Јелена Жигиќ/Предраг Дедијер/РАС Србија