Мегафон

Омар Џаферовски македонски претставник на „Каунас талент“

Омар Џаферовски македонски претставник на „Каунас талент“

Омар Џаферовски ќе ја претставува Македонија на интернационалниот фестивал “Каунас талент” во Каунас, Литванија.

Тој ќе се натпреварува со деца од целиот свет. Инаку Омар Џафероски, роден на 26.06.2001 година во Чикаго, САД. Живее во Скопје, Основно образование завршил во ОУ “11 Октомври” во Скопје, а во моментов е 3та година во приватното средно училиште САБА во Скопје.  Завршил нижо (основно) музичко училиште во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” во Скопје, на инструмент пиано. Уште од најрана возраст учествува на детски фестивали “Супер Ѕвезда”, а на меѓународниот арт фестивал “Езерски Бисери” во Струга освоил “Лауреат 3 степен”. Учествувал на повеќе локални, регионални и училишни натпревари и има освоено видни резултати. Повеќе од една година посетува часови во Академијата за естрадно пеење и е учесник на разни домашни и меѓународни фестивали.

To top