Американскиот комичар Бил Козби е осуден пред судот во Пенсилванија на затворска казна од 3 до 10 години поради дрогирање и напад на жена во неговиот стан во предградие на Филаделфија.
Тужителот барал казна од 5 до 10 години затвор, додека одбраната за служење затворска казна во домашни услови.
Комичарот не дал изјава на судењето.
Козби кој е познат како „тато Америка“ во април беше осудена за сексуално вознемирување на Андре Констанд, администраторка на атлетскиот тим на Универзитетот Темпл 2004, која наедно е една од 60-те жени кои го обвинија за недолично сексуално однесување.