Еден млад човек кој се бори да е на власт во неговиот град Лобес во Белгија стана главна вест во светските медиуми, но не поради политиката за која се залага, туку само поради неговото презиме. Имено, тој не може да води политичка кампања за социјалната мрежа на Фејсбук, бидејќи оваа компанија верува дека неговото презиме е “непристојно”.
Неговото име и презиме инаку е Лук Анус, и оваа социјална мрежа едноставно не го прифаќа.
Лук (26) е кандидат за Советот на социјалистите во Ловес, Белгија, и кога видел дека некој ја споделил фотографијата од неговиот изборен плакат на Интернет, сфатил дека ќе мора да го промени своето презиме, па го променил во Лук Ану, кратејќи ја последната буква за на Фејсбук.
“Фејсбук едноставно не го прифаќа моето презиме”, им изјавил тој на локалните новинари.
Фотографијата на неговиот изборен постер брзо стана вирална во Белгија, а потоа се прошири и низ светот.
Коментарите на оваа фотографија се различни, па има и погрдни, а младиот политичар вели дека не може да излезе на крај, пишува Метро.
Иако Фејсбук не го прифатил, Лук не е единствениот во Белгија кој се презива Анус. Има уште 49 граѓани на оваа земја со истото презиме и сите живеат во регионот на Валонија.