Моника Белучи со години ја носи титулата за една од најубавите жени на планетата.
Иако има 53 години и не почитува пластична хирургија, италијанската актерка изгледа како божица и со секое појавување во јавност го одзема здивот.
Модниот двоец „Долче и Габана“ ја ангажираше повторно за своја колекција, овој пат на ревија во Милано, а нејзините фотографии ги преплавија светските медиуми.
Моника на ревијата се појави во долг црн фустан со точки кој ги нагласи нејзините облини,но сепак брчките на лицето ги изданоа нејзините години.
„Долче и Габана“ ја славеа женската убавина со сите величини и обилици, па освен моника на ревијата се појавија и Ешли Грашам и Карла Бруни.
фото:Splash